Вецлар на Миркуловски му пресуди на Кил

Вецлар веројатно стави крај на надежите на Кил за одбрана на шампионската титула. 



ЕХФ ќе биде на големи маки кога ќе се составува Лигата на шампионите следната сезона. Како што сега стојат работите, двата големи германски клуба, Кил и Флензбург ќе останат надвор од ЛШ. Ако на ова го додадеме и Алборг кому не му цветаат рози во данското првенство, а знаеме следната сезона таму доаѓаат Микел Хансен и други звучни имиња, добиваме една прилично комплицирана ситуација и веројатно подлога за многу компромиси.

Вецлар и Балинген денеска се во центарот на вниманието во Германија. Екипата на Филип Миркуловски каде тој вечерва беше главно асистент тренер, го совлада Кил 29-27.
Балинген, пак, на домашен терен одигра нерешено со Флензбург (23-23). 

Сега Магдебург кој има перфектни 15 од 15 има шест бода повеќе од Килно и натпревар помалку. Од Флензбург имаат седум бода повеќе. 
Нивни најголем ривал во моментов е Берлин од кого имаат шест бода повеќе од ист број на одиграни натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk