Лазаров го освои францускиот Лига Куп

Кирил Лазаров со Нант го освои првиот пехар сезонава. Неговиот тим триумфираше во францускиот Лига Куп.



Нант славеше сигурна победа 28-21 (13-10) над Шамбери во финалето на францускиот Лига Куп и го освои првиот пехар сезонава. 
Финалето мина во блага доминација на Нант кој на старот на второто полувреме изгради предност од четири-пет гола која без многу возбудувања благодарение на сигурниот напад и одличниот Емил Нилсен на голот ја зачува и ја зголеми до крајот на мечот. 
Кирил Лазаров постигна два гола на оваа средба. Да потсетиме неговата сигурност во реализацијата беше клучна во полуфиналето кога Нант го елиминираше Монпеље со еден гол разлика, а стрелец на тој победнички гол беше Лазаров. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk