Се повреди играч на данскиот машки тим

 Левото крило на репрезентацијата на Данска се повреди на последниот меч на Флензбург.



Емил Јакобсен се повреди на последниот меч на Флензбург. Уште на загревањето пред средбата со Лемго, само неколку часа откако беше сместен меѓу 20-те ракометари што ќе настапат на ЕП, Јакобсен почувствувал проблем со листот на левата нога.
Сепак, влегол во игра и ја влошил работата, па уште во првиот дел бил преселен на клупата и веќе не влегувал во игра, освен за изведување на седмерци.

Флензбург потврди дека Јакобсен е повреден, но одбил да каже повеќе детали, дури и за данската ТВ2, се додека нема комплетен извештај од прегледите. 

Со оглед на тоа дека ЕП е на само три недели, секоја повреда, па и мала пауза може да значи и бришење од списокот. Данска на позицијата лево крило, освен Јакобсен го има и Магнус Ландин и сигурно нема без сон да остане селекторот Маркусен, но Јакобсен како дел од новиот бран (Холм, Гидсел, Менсинг) има важна улога во нивниот систем на игра. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk