Металург немоќен во Струга

СТРУГА - МЕТАЛУРГ  35-21 (17-9)
ВАРДАР - БУТЕЛ СКОПЈЕ  36-21 (18-5)



Нов меч по драмата со Тиквеш за толку кратко време беше премногу за краткиот ростер на Металург. По вчерашаната победа над Тиквеш, денеска избраниците на Иван Марковски меѓу кои го немаше Златко Хорват, беа поразени на гости од Струга. Убедливо, со 14 гола разлика, одраз на исцрпеноста на играчите и тоа што по тешките месеци во клубот, значи последен меч во полусезоната. 

Струга отвори добро, поведе 5-1, а Металург немаше сили да брка. Доминираа домашните каде што особено се истакна Барјактаревиќ со 10 гола. На полувреме беше плус осум за Струга, потоа додадоа уште шест и струга ја извојува највисоката победа над Металург досега. 

Слично заврши и мечот во Скопје во кој препородениот Вардар без многу мака го преслуша Бутел Скопје. Со цели 15 гола разлика (36-21) победи Вардар е изнаиграа речиси сите ракометари на Вардар, а податокот дека при 36 гола немаше стрелец со повеќе од пет погодоци, треба да долови за рамноправниот придонес. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk