Франција во финале, Данска удри во дефанзивниот ѕид

Франција се пласираше во финалето на Светското првенство што се одржува во Шпанија. Во полуфиналето, ракометарките на Оливие Крумхолц ја совладаа Данска, минимално 23-22. 



Дуелот на Франција и Данска беше судир на два концепта. Францускиот што се темели многу повеќе на физичка сила и мускули создадени во нивните центри за формација и данскиот систем што се базира на брзина, техника, луцидност, но со многу помалку дуели. 

Данска водеше речиси цел натпревар, во доста наврати и со три, четири гола предност, но во финишот на мечот не можеа да ги издржат дуелите со подвижната француска одбрана, особено откако преминаа во 5-1 формација. 
Физички посилните Французинки агресивно стигнуваа, фаулираа и покриваа и оставаа само помалку простор за крилните ракометарки. Данска успеваше да направи вишок, но Клеопатра Дарло, голманот на Франција „симна“ шест шутеви на крилните ракометарки и тоа беше клучниот момент за враќањето на Франција во игра.

Во нападот, Франција главно индивидуално преку Минко и Заади успеваше да шутира, а голема работа им заврши и незадржливат Фопа, пикерот. Данска имаше свој адути во голманите. Особено Сандра Тофт во последните осум-девет минути спречи неколкупати Франција да го реши мечот предвреме.
Франција се премина во водство во последните десетина минути, но само од гол разлика. На крајот дури и се коцкаа, се обидоа со цепелин при 23-22 да стават точка, но не одиграа како што треба. За нивна среќа, Данска не успеа во последните 10 секунди да дојде до шут или да изнуди пенал. 
Мечот заврши 23-22 за Франција, која ќе чека подобар од дуелот Норвешка - Шпанија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk