Се јави „исчезнатата“ Иранка

Шагаје Бапири, 30 годишната ракометарка на Иран, ја „снема“ од хотелот во Валенсија. Денеска таа објави видео...



Шагаје Бапири веќе нема статус на „изчезната“ туку на бегалец. Иранската ракометарка, објави видео во кое ги објасни мотивите за овој потег.

„Се викам Шагаје Бапири. Одбрав да го напуштам тимот на Иран и да побарам азил во некоја земја. Ова видео го постирам за да знаете сите дека сум добро.
Сакам да знаете дека не сум исчезната или киднапирана и дека моето семејство е безбедно во Иран. Ова го одбрав затоа што сакам да имам подобри опции за напредок во спортот во иднина. Целиот мој живот бил околу спортот. Политика не разбирам, јас сум само спортист и ништо повеќе“, вели во обраќњето Бапири.

Претходно, четири ракометарки на Камерун избегаа од хотелот во Валенсија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk