Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот на играчи за претстојното Европско првенство што во јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Кирил Лазаров денеска го соопшти скратениот список на играчи со кои Македонија ќе патува на Европското првенство во Унгарија и Словачка за помалку од еден месец.
Македонија нема да може да смета на Дејан Манасков кој е повреден и се рехабилитира и на уште четири млади ракометари кои не исполнуваат услови за настап затоа што не се вакцинириани против Ковид 19.
Лазаров се одлучи на ЕП да селектира тим од следниве 24 ракометари:
Нашиот национален тим во подготвителниот период ќе одигра контролни натпревари со репрезентацијата на Кувајт.
Македонската репрезентација е во група со селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска и по тој редослед ќе ги одигра натпреварите од прелиминарниот дел, закажани за 13, 15 и 17 јануари.
Само две од овие четири тима ќе одат во следната фаза на натпреварување. Многу е битно за Македонија да биде меѓу првите 16 репрезентации, затоа што тие ќе бидат во првиот шешир за бараж за Светското првенство што ќе се игра во Полска и Шведска во 2023 година.