Златко Хорват со победа се збогува со Металург

Календарската година за Металург завршува денеска со дуелот што тимот од Автокоманда ќе го игра против Струга. 



Полусезоната за Металург завршува денеска, а со тоа завршува и соработка меѓу Металург и хрватското крило Златко Хорват.
Македонскиот клуб не може да го поднесе товарот да има скап играч во своите редови, од типот на Хорват и предвреме е договорено да се разделат, со можност во иднина и повторно да соработуваат, ако дојдат поубави денови во „Автокоманда“. 

Златко Хорват ќе се пресели во Унгарија, во екипата на Дабас каде што ќе игра заедно со уште еден играчсо кого играше во Металург - Марко Тарабокија. 

Но, пред да замине, Хорват заедно со малубројната дружина му донесоа уште една радост на Металург. Победа над ГРК Тиквеш со гол во последната секунда. Велко Маркоски е јунакот што го постигна последниот гол за победа.

Денеска одново се на терен. Металург со нова стратегија ќе ја игра пролетната полусезона. Сега кога одново ќе биде отворен преодниот рок за домашни играчи, планот е да се направи тим што ќе обезбеди опстанок, а со оглед на тоа каква е во моментов табелава, можеби да се бори и за Плеј оф. 
Екипата нема да биде скапа каква што беше кога во неа имаше странци, а со оглед на тоа дека одамна чека позамашна сума на ветени средства, Металург со малку поинаква економска стратегија би можел да биде стабилен.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk