Полскиот шампион ќе го има плејмекерското дуо со кое Вардар во 2019 стана европски шампион.
Полскиот шампион Келце, денеска официјализираше дека постигнале договор за продолжување на соработката со Игор Карачиќ и за следните три сезони.
Хрватскиот бек следната сезона за соиграч го добива и Сташ Скубе, со кого во 2019 година во дресот на Вардар станаа европски прваци.
Преговорите меѓу Келце и Карачиќ беа долги, повеќе од еден месец се провлекуваше информацијата дека останува- не останува, за на крајот Бертус Сервас, претседателот на клубот да објави дека е среќен што „парите не се се“ и дека Игор Карачиќ останува верен на полскиот клуб.