Индира доби шведско друштво

Швеѓанката Натали Хагман постигна 71 гол на Светското првенство во Шпанија. 



Македонската репрезентативка Индира Кастратовиќ на Светското првенство во Германија 1997 година постигна 71 гол и го сруши рекордот на Наталија Кирчик (СССР) од 61 гол поставен во 1986 и израмнет од Наталија Дерепаско (Украина) во 1995. 

Рекордот на Индира Кастратовиќ преживеа само еден мундијал, а потоа во 2001 тогаш светскиот ирач број 1, Аусра Фридрикас од Австрија го надмина со цели 16 гола и постигна 87 погодоци на СП Италија. На тој мундијал, Французинката Лејла Лежен постигна 71 гол, исто колку и Индира Кастратовиќ. 

Веќе следниот мундијал, Бојана Радуловиќ од Унгарија постигна 97 погодоци на СП Хрватска. Тоа е рекорд што се уште не е срушен.

Грит Јурак од Германија погоди 85 пати на СП Франција 2005, а на тој голгетерски богат шампионат,  80 гола постигна Анита Горбиц од Унгарија, а 72 Марселина Киала од Ангола.

Пред две години, во Јапонија, Холанѓанката Луис Абинг се израмни со Индира Кастратовиќ со 71 постигнат гол. 

На тековното првенство што се игра во Шпанија, Швеѓанката Натали Хагман успеа да постигне 71 погодок. 

ТОП 10 СТРЕЛЦИ НА СП
1. Бојана Радуловиќ  (СП 2003) - 97 гола
2. Аусра Фридрикас  (СП 2001) - 87 гола
3. Грит Јурак (СП 2005) - 85 гола
4. Анита Горбиц (СП 2005) - 80 гола
5. Марселина Киала  (СП 2005) - 72 гола
6/9. Индира Кастратовиќ (СП 1997), Леила Лежен (СП 2001), Луис Абинг (СП 2019), Натали Хагман (2021) - 71 гол
10. Рју-Ун Хи (СП 2019) - 69 гола


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk