Шведска и Русија против системот на ЕП

Светското првенство за прв пат се игра со 32 репрезентации, а начинот на кој се игра наиде на жестоки критики кај две одлични репрезентации.



Русија и Шведска се елиминирани во 1/4 финалето на Светското првенство што се игра во Шпанија. Русинките се поразени од Норвешка, Швеѓанките загубија од Франција. 

„Нефер и идиотски“, вака претседателот на Руската ракометна федерација Сергеј Шишкарев го коментираше системот по кој се игра на СП. „Како дојде до тоа ние да вкрстиме со Норвешка уште во 1/4 финалето? праша Шишкарев. 

Реакциите во Шведска се слични: 
„ Другите парови беа како школски игри во споредба со распоредот по кој игравме ние“, изјави селекторот на шведскиот тим, алудирајќи на дуелите Германија - Шпанија и Данска - Бразил. 

Судејќи според незадоволството на Русија и Шведска, ИХФ ќе има уште една точка за анализирање на мундијалот, а тоа е системот по кој се игра. Нашиот тим одигра подобро од други што се во полуфиналето. 

Би било убаво и ЕХФ да го разгледа системот по кој се игра ЕХФ ЕУРО (мажи) и според кој точно пола од репрезентациите дома си одат по само три одиграни натпревари. 

Во полуфиналето на мундијалот, се среќаваат Данска - Франција и Норвешка - Шпанија. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk