Невакцинираниот Кнор го пропушта ЕП 2022

Големата германска надеж, централниот бек на РНЛ Јури Кнор (21) ќе го пропушти Европското првенство во Унгарија и Словачка.



Јури Кнор не го исполнува прописот за заштита од Ковид кој предвидува комплетна имунизација или прележан Ковид, не повеќе од шест месеци. Кнор има прележано и тоа со силни симптоми во ноември 2020, но официјално не му важи тој стекнат имунитет. Не е вакциниран и вели дека ќе одолева на таа одлука колку што ќе може. 

Овој 21 годишен ракометар е еден од играчите на кои (ќе) се темели германската репрезентација во иднина. Своевремено играше паралелно фудбал и ракомет за екипата на Бад Швартау, а потоа продолжи како ракометар. Со неполни 18 години беше регрутиран од Барса. Играше една сезона за нивниот втор состав, а стигна и до првиот тим за кој има шест настапи. 
Потоа се врати во Германија, две сезони играше за Минден, а од оваа сезона е дел од екипата на РНЛ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk