Пелистер во грч, Вардар го контролира дербито

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 1961    (13-17)





Вардар го контролираше првиот дел од натпреварот во Битола. Домашниот состав игра во грч 30 минути и не е на нивото на натпреварите што ги играше во Европската лига.
Одбраната на домашниот состав не функционира, а Вардар игра паметно во напад. Прво Гаџа, потоа Тото, потоа и Талески во серија постигнуваа голови за скопскиот состав.

Резултатски во првите пет минути се играше гол за гол, потоа Вардар успеа да зголеми на плус два прв пат во 10 минута (9-7), а пет минути подоцна почна сериозно да се одлепува.
Домашниот состав почна да ја губи самодовербата , а резултатот да расте во полза на противникот. Вардар зголеми на 14-10, потоа на 15-11, па додаде и гол плус за 17-12 и напад во последната минута, но не успеа Талески да го постигне својот четврти гол, па Обрадовиќ во контра напад ги постави конечните 13-17 по 30 минути игра.

Анте Гаџа има 6 гола , Тото 5, а Талески постигна 3 гола. Во домашниот состав Мандалиниќ и Обрадовиќ имаат по три погодоци.
Ништо не е готово, натпреварот има потенцијал да стане резултатски тесен и иако Вардар е во предност, шансите не се загубени ниту за битолскиот тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk