Келце го испрати Јагањац во РНЛ

Од Париз во Скопје, од Скопје во Нашице, од Нашице во Манхајм виа Келце. По таков пат отие Халил Јагањац, големиот хрватски талент. 



Бертус Сервас, претседателот на Келце продолжува со својата бизнис политика на купи-позајми играчи. По Бранко Вујовиќ кој ќе се кали во Хановер, сега дојде редот и на хрватскиот бек Халил Јагањац, своевремено играч на Металург. 
Јагањац направи трансфер во Келце и заминува од Келце без да го облече жолтиот дрес. 

Халил Јагањац денеска е позајмен на германскиот клуб Рајн Некар Ловен. Таму ќе игра следните три година, доаѓа како замена за легендарниот Анди Шмит.
Јагањац по трите години во РНЛ ќе треба да се врати и да одигра една сезона за Келце со кого има четиригодишен договор. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk