Шипжак: Штета што не беше вака и пред 10 години

Претседателот на Келце, Бертус Сервас, на својот Твитер профил објави јавна благодарност до македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои ја делеа правдата на дуелот Келце - Висла Плоцк (27-26).



Ѓорѓи Начевски и Славе Николов завршија одлична работа на дербито Келце - Висла Плоцк. Тие беа одбрани од полската федерација и нивната Супер лига, изборот беше чуван како тајна и на денот на натпреварот се дозна кои се судии. Со перформансот на дербито, го зголемија својот рејтинг и воопшто рејтингот на Македонија како ракометна земја. По средбата, пофалби од многу страни. 

„Сакам да им се заблагодарам на судиите“, напиша Бертус Сервас, претседателот на Келце и . „Беа навистина добри и завршија одлична работа. Ракометарите исто така многу ги почитуваат. Одлична работа. Би сакал да им се заблагодарам и на Полската федерација и на Супер лигата за овој избор на судии“. 

Реплика на оваа изјава на Сервас стигна од Камил Шипжак. Полскиот репрезентативец сега игра за Пари Сен Жермен, а порано од 2009 до 2015 играше за Висла Плоцк и никогаш не успеа да го симне Келце од тронот. 

„Многу добра одлука. Штета што не беше вака и пред 10 години“, му порача Шипжак на претседателот на Келце. 

Настрана се, во сезоната 2014/15 дуелите меѓу Келце и Висла ги судеа шпански судии, но очигледно не оставиле впечаток за да останат долго запаметени.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk