Словенија на ЕП без Бомбач, Шоштариќ, Габер...

Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Љубомир Врањеш, денеска го објави составот со кој најголемиот ривал на Македонија ќе патува на шампионатот.




Повеќе помалку очекувано, во тимот на Словенија го нема првиот плејмејкер Дејан Бомбач кој неодамна демонстрираше врвна партија во Скопје во дресот на ПИК Сегед. 
Нема покана за финалниот турнир ниту за незгодното и опасно крило Марио Шоштариќ, исто така играч на Сегед. Мало изненадување за нас е што на позицијата десен бек го нема Нејц Цехте, соиграчот на Кузмановски од Хановер. 

Македонија и Словенија ќе се сретнат во првото коло. Според рејтингот на репрезентациите во групата, ова би требало да биде главниот дуел за второто место. Во главната рунда одат по две репрезентации од секоја група, а покрај Словенија и Македонија, во групата се уште и Данска и Црна Гора.

За репрезентацијата на Словенија се повикани следниве ракометари:
ГОЛМАНИ
Урх Кастелиц (Гепинген, Гер)
Јоже Базник (Сесон Рен, Фра)
Миљан Вујовиќ (Целје, Сло)
Урбан Лесјак (Хановер, Гер)

ЛЕВИ КРИЛА
Тилен Кодрин (Целје, Сло)
Тилен Соколиќ (Горење, Сло)

ЛЕВИ БЕКОВИ
Борут Мачковшек (Веспрем, Унг)
Рок Овничек (Нант)
Ник Хенигман (Пик Сегед, Унг)
Вид Левц (Словењ Градец)

СРЕДНИ БЕКОВИ
Сташ Скубе (Мешков Брест, Блр)
Миха Зарабец (Кил, Гер)
Домен Макуц (Барса, Шпа)

ДЕСНИ БЕКОВИ:
Јуре Доленец (Лимож, Фра)
Матиц Грошељ (Шарт, Фра)
Тадеј Кљун (Бенфика, Пор)

ДЕСНИ КРИЛА
Блаж Јанц (Барса, Шпа)
Гашпер Маргуч (Веспрем)

ПИКЕРИ:
Вид Потеко (Целје, Сло)
Блаж Благотиншек (Веспрем, Унг)
Матиц Сухолезник (Целје, Сло)


Селектор:
Љубимир Врањеш

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk