Кил со овации го испрати Анди Шмит

Ракометот како спорт во скандинавијата и Германија, односно одењето на ракометните натпревари одамна е прераснато во култура на живеење. 



Стандардите за однесување во салите се високи, иако особено во Германија сето тоа е залиено со многу пиво и засилено со познатите германски колбаси.
Германците го почитуваат и својот тим, а и противничкиот што вчера на најубав начин го почувстува легендата на Рајн Некар Ловен - Анди Шмит. 

Овој ракометар на крајот на сезоната заминува од РНЛ и од Германија и се враќа во родната Швајцарија. Но, тоа што го покажа во минатата деценија во Бундес лигата нема да биде брзо заборавено.

РНЛ вчера гостуваше во Вундерино Арена во Кил. Ова беше последниот меч што Анди Шмит го одигра во својата кариера во Кил. Домашниот тим му спреми подарок, а целата салата вообичаено полна, со стоечки овации го испрати Швајцарецот кон својата последна епизода од кариерата. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk