Koга ќе те спомне Висландер: Кил и Барса по Карлсбогард

Јонатан Карлсбогард, левиот бек на Лемго и на репрезентацијата на Шведска ужива во најубавиот период од неговата кариера.



Бројните откази во Шведска во јануари, на сцена исфрлија цела една постава нови играчи кои во првиот обид стигнаа до финалето на СП. Феликс Клар, Лукас Сандер, Јонатан Карлсбогард се дел од таа приказна. 
Сандел и Клар со Алборг стигнаа и до финалето на ЛШ, а остануваат да бидат дел од дрим тимот во кој дојде Палмарсон, а ќе дојде и Микел Хансен, додека Карлсбогард оди по поинаков пат.

Неодамна во ТВ интервју, официјално најдобриот ракометар на 20 век, Магнус Висландер инаку прославен играч на Кил беше прашан кого најмногу би сакал да види во „неговиот“ Кил. 

„Мислам дека Јонатан Карлсбогард многу добро би се вклопил во системот на Кил“, изјави Висландер додавајќи уште неколку комплименти на сметка на сонародникот кој како и тој потекнува од Редбергслид. 
Не мина многу, ниту една недела а веќе во шпекулациите за трансфер беше ставен Карслобогард од Лемго кон Кил. 
Не велиме дека Висландер има клучна заслуга, но рекламата од најдобриот играч на векот е повеќе од добредојдена. 

Најновите информации/шпекулации, пак, велат дека не Кил туку Барса е во напредна фаза од преговорите со Карлсбогард и дека се очекува финализирање на договорот. 

Барса, патем е заинтересирана и за продолжување на позајмицата со Јусеф Бенали, Тунижанецот со катарски пасош кој неодамна дојде од Доха и за ангажман на белорускиот пивот, 206 сантиметри високиот Вјачеслав Бохан. Интересно, Бохан пред два дена го продолжи договорот со Мотор Запорожје.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk