Барса го запиша првиот пораз во домашното првенство по долга, непрегледна серија на натпревари без пораз. За волја на вистината Барса не загуби на терен, туку на „зелената“ маса.
Администрацијата на Барса е виновна за службениот пораз од Торелевага (10-0). Оваа средба беше првично закажана за 10 октомври, па потоа беше одложена.
Во меѓувреме Барса се засили со пикерот од Катар, Јусеф Бен Али. Катарецот беше во тимот на Барса против Торелевага во новиот термин. Барса ја доби лесно таа средба, но со оглед на тоа дека во оригиналниот термин Бенали не беше член на Барса, а играше во новиот термин е направена материјална повреда на правилата и Торелевага службено ја доби средбата.
Тоа нема ништо да смени на табелтата, но перфектниот низ на Барса сега е прекинат.