ЕП 2022: Како изгледа новата Шпанија?

Жорди Рибера одбра 18 ракометари со кои Шпанија ќе настапи на ЕХФ Еуро 2022. Големи играчки промени во составот на Шпанија за ЕХФ Еуро 2022. Многу познати имиња нема да ги видиме, доаѓа новата генерација. 



Шпанија почнува нова приказна за својата репрезентативна енциклопедија. На ЕХФ Еуро прв пат настапува без Раул Ентрериос, Дани Сармиенто, Виран Морос, Хулен Агинагалде, но и без браќата Даниел и Алекс Душебаев. 

Кањељас, Македа, Гурбиндо, Гвардиола и голманското дуо Коралес - Варгас ќе предвода една цела нова легија на ракометари. Ќе ги видиме Тарафета, Песина, Маркез, Одризола... Како ќе изгледаат на терен, ќе видиме, ова ќе биде сериозен тест на шпанскиот систем на игра во кој секој добро трениран играч би требало да си го најде местото. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk