Судевме тежок меч, еден од најтешките досега

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја имаа одговорноста, честа и сатисфакцијата да бидат поканети од ракометната федерација на Полска да го судат големото дерби во нивното првенство, дуелот меѓу Келце и Висла Плоцк. 



Натпреварот заврши со минимална победа на Келце (27-26), но без голема резултатска драма, затоа што во финишот Келце водеше 27-24, па последните два гола, од кои последниот на 15-тина секунди до крајот беа „козметика“. 
Но, Талант на едната, Сабате на другата клупа, полна сала навивачи на Келце и притисокот што го носи поканата на федерацијата на Полска, не им беше лесно на македонските арбитри. 
Но, квалитетот беше потврден, актерите на мечот под целосна контрола, а Начевски и Николов не ја загубија главата, напротив, согласно рејтингот до одсудеа мечот.

Нашите арбитри беа задоволни, велат суделе меч кој според тежината е можеби и покомплициран од некогашните битки на Металург и Вардар. А сите што паметат какви беа тие дуели во „Кале“ и „Автокоманда“, знаат дека се работи за можеби најтешките натпревари за судење воопшто. 

„Ова беше навистина тежок натпревар за судење“, вели Ѓорѓи Начевски. „Најмалку на рангот на некогашните дерби натпревари кога за шампионска титула меѓусебе играа Вардар и Металург, можеби и потежок за судење. Но, презадоволни сме од тоа како судевме вечерва“, вели Начевски. 

Славе Николов, задоволен од настапот, вака го коментираше мечот: 
„Мислам дека судевме на Топ ниво, Неутралноста беше максимална. Многу добар натпревар, многу добра публика, полна сала. Сите беа задоволни од судењето, добивме честитки од сите, посебно од претседателот на полската федерација“, вели Славе Николов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk