Начевски и Николов ја судат „светата војна“ во Полска!

Големо, огромно признание добија македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Тие денеска ќе го судат мечот од полскиот шампионат, средбата позната како „света војна“, а ја водат Келце и Висла Плоцк.



За да се запази регуларноста, да нема никакво мешање, никакво вллијание од клубовите врз арбитрите и да се обезбеди врвна арбитража, Ракометната федерација на Полска ги ангажираше македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов да ја судат денешната средба меѓу Келце и Висла Плоцк. Домаќин на мечот е Келце. 



Полската федерација објави дека ангажирале еден од најдобрите судиски парови во светот, арбитри со огромно искуство и квалитет, посочивајќи неколку големи натпревари што ги има судено македонскиот пар.
Ќе биде интересно да се види како ќе се справар со темпераментните Шпанци на клупата на Келце (Душебаев) и на Висла (Сабате), тренери што секогаш имаат да замерат на судењето, особено кога губат. 

Натпреварот почнува во 14:30, ќе го пренесува ТВ Полска (TVP)
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk