Ќе испадне ли Норвешка пред 1/4 финале?

Слично како и кај машкото ЕП кое откако се зголеми на 24 екипи стана покомплицирано за играње, така и на женскиот мундијал со 32 екипи е вистинско минско поле. 
Кој ќе настрада, светскиот или европскиот првак?



Шведска одигра нерешено со Холандија и со Норвешка и сега за (условно) за пласман во 14 финалето мораат да извојуваат победа во последното коло против отпишаната Романија. 
Шведска има 6 бода, а еден повеќе имаат светскиот првак Холандија и европскиот шампион Норвешка. Во последното коло меѓусебе играат Норвешка и Холандија. 

Поразениот од овој дуел нема да се пласира меѓу најдобрите осум, а ако тоа тоа биде на пример Норвешка, тоа би бил за нив најслабиот резултат во историјата на СП. Последен пат на 8-мо место Норвешка била во 1975 и 1973 година и тоа се нивните најслаби резултати досега. 

Интересно ќе биде доколку Норвешка и Холандија одиграат нерешено. Тогаш, ако резултатот биде со помалку од 31 гол, односно (30-30, 29-29)... испаѓа репрезентацијата на Норвешка. Ако биде 31-31 или повеќе, на пример 32-32.. испаѓа репрезентацијата на Шведска. Ако биде 31-31, тогаш сите три тима ќе имаат по три бода и гол разлика од меѓусебните дуели 61-61, па ќе се гледа вкупната гол разлика, засега не е конечна. 

Во другите групи е се решено, а во 1/4 финалето се пласираа следниве репрезентации:
Франција, Русија, Данска, Германија, Шпанија и Бразил. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk