Германија од Група 3 и Бразил од Група 4, се двете репрезентации што први обезбедија пласман во 1/4 финалето на Светското првенство што се одржува во Шпанија.
Германија вечерва ја совлада селекцијата на Јужна Кореја, убедливо (38-27) и со осум бода на две кола до крајот, не може да заврши под второто место затоа што ги има победено директните ривали (Ј. Кореја и Унгарија), а Конго и Чешка со по нула на салдо ќе бидат загревање на 1/4 финалето.
Данска со шест бода и натпревар помалку во моментов е на второто место, но и нив им е потребна победа на Чешка за да обезбедат 1/4 финале. На полувреме водеа 14-9, така што можеме и нив да ги „квалификуваме“ во следната фаза.
Слична е ситуацијата и во групата „4“. Таму Бразил има веќе собрано осум бода и подобар скор од ривалите и официјално е пласиран во 1/4 финалето. Позади нив со два бода помалку е Шпанија која вечерва игра со Хрватска за обезбедување на второто место.
Домаќинот на мундијалот водеше 15-12 во 35 минута од натпреварот и се блиску до верификација на пласманот. Дури и со пораз, Шпанија повторно ќе има плус два во однос на Хрватска, но ќе мора да победи на двата меча со крајот.