Хагман во потера по Тодоровска и Кастратовиќ

Шведската репрезентативка Натали Хегман по четири одиграни кола се одвои на листата на стрелци и тргна во напад на рекордот, сопственост на унгарската ракометарка Бојана Радуловиќ. 



Мундијалот со 32 репрезентации на светската смотра доведе репрезентации што реално служат само за подобрување на личната статистика на противниците. 
Една од ракометарките што добро ги „пумпа“ бројките зад своето име е Натали Хегман, шведското крило/бек. Таа одлично ги искористи дуелите со Порторико и Казахстан на кои постигна по 19 гола, додека на мечевите со Узбекистан и Холандија по пет и сега по четири натпревари има 48 постигнати гола. 
Следните противници се Норвешка и Романија на кои убедени сме нема да постигне по 19 погодоци, но и таму останува во игра за титулата најдобар стрелец на СП и најдобар стрелец на СП на сите времиња. 

Натали Хагман веруваме нема да стигна до рекордот од 21 постигнат гол на Наталија Тодоровска (СП Русија 2005), затоа што веќе нема да има противници од типот Казахстан и Узбекистан, но може да го загрози рекордот на Индира Кастратовиќ.
Поранешната македонска репрезентативка во 1997 постигна 71 гол и беше рекордер до 2001 кога Фридрикас постигна 87 гола на мундијалот во Италија. Во моментов недостижна на таа листа е десниот бек на Унгарија, Бојана Радуловиќ која во Хрватска, 2003 постигна 97 гола. 

Натали Хагман досега на четири меча има постигнато 48 гола и реално е да се очекува да биде блиску до влез во Топ 5 на сите времиња. Особено затоа што таа ги шутира и седмерците за Шведска, а досега реализираше 9/10. Многу работи зависат и од тоа до каде ќе стигне Шведска на првенството. Досега и оди добро и е межу кандидатите за пласман во полуфиналето. 


ТОП 5 СТРЕЛЦИ НА СП ДОСЕГА
1. Бојана Радуловиќ (Унгарија) - СП Хрватска 2003 - 97 гола
2. Аусра Фридрикас (Австрија) - СП Италија 2001 - 87 гола
3. Грит Јурак (Германија) - СП Франција 2007 - 85 гола
4. Индира Кастратовиќ (Македонија) - СП Германија 1997 - 71 гол
5. Луис Абинг (Холандија) - СП Јапонија 2019 - 71 гол 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk