Еден по еден се редат проблемите за ИХФ на СП Шпанија. Покрај многу забележки на пребирливите скандинавки, доаѓаат и вистинските проблеми.
Прво Кина се откажа поради еден позитивен случај. А денеска информациите од Шпанија, од Валенсија каде што игра екипата на Камерун, велат дека четири ракометарки на Камерун избегале од тимот.
Камерунките играа со Полска, а по тој натпревар и пред дуелот со Ангола, на четири од нив им се губи трагата.
Ако нешто ви значат имињата, тоа се Аполина Екобен, Јасмина Јочум, Амелија Мвуа и Кларис Мадуфанг.
Овие четири ракометарки не биле повикани за дуелот со Ангола. Не биле во автобусот што ја однел екипата на тренинг, не биле во хотелот потоа...