Кина се повлече од СП Шпанија!

ИХФ со години се обидува да го популаризира ракометот во САД и Кина. Двата големи пазари, од каде што нормално чека поврат на вложеното, со неколку нули повеќе. 
Но, не му оди. 
Или ракометот е невозможна мисија за САД и Кина или ИХФ има погрешен пристап. Или и двете и уште којзнае колку професионални, традиционални, финансиски и какви се не работи стојат на патот овој спорт да заживее на запад и исток.



ИХФ годинава им додели валјд карта на Кинезите за нивната женска репрезентација. Право е на ИХФ да ја додели кому сака, тоа право си го присвоија одамна. За волја на вистината, валјд картата веќе беше дадена на Полска, а како резерва требаше на СП да оди Македонија. Но, ИХФ кога нешто сака има механизми да го направи, односно механизмите во ИХФ се така дизајнирани, да можат да направат се што сакаат и да бидат во право. 
Па така во случајов, Полска ја врати валјд картата и стана прва резерва (?) а валјд картата отиде за Пекинг. Македонија остана во чекалната. 

Кина дојде на СП, а квалитет не донесе речиси никаков. Загуби на сите пет натпревари што ги одигра, а последните три нема ни да ги игра. 
Кина со себе си донесе свои правила за Ковид 19. Според нив, ако има еден позитивен - сите одат во 14 дневна изолација. Позитивниот оди во карантин шест недели. 
Кина имаше еден позитивен случај во нивната делегација и сега сите се во 14 дневен карантин, па потоа си заминуваат за Кина. 

Според европските и ИХФ регулативите, ако се вакцинирани (а на СП играат само вакцинирани) само позитивниот оди во изолација до негативен тест, а другите со негативен ПЦР слободно продолжуваат да играат. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk