Колку е богат претседателот на Руската ракометна федерација

Сергеј Шишкарев, претседателот на Ракометната федерација на Русија е со сигурност еден од најбогатите „инвеститори“ во светот на ракометот. Според листата на Форбс Русија на најбогати Руси, тој е на 149 место. 



Претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев се пофали, изјави, дека од неговото доаѓање на позицијата претседател, во 2015 година, досега во рускиот ракомет се вложени околу 40 милиони долари. Најголемиот дел се вложени во инфраструктура, во тренинг центри и сали. 

Сергеј Шишкарев е со 70% сопственик на компанијата DELO GROUP, компанија што се занимава со транспорт на бродски контејнери. 
Тој на листата на Форбс Русија на најбогати Руси за 2020 година беше на 149 место со лично богатство од 800.000.000 долари. 

Ако ве интересира, на првото место на оваа листа е Алексеј Мордашов кој се занимава со челик и рударство, а богатството му е проценето на 29 милијарди долари.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk