Се раздвојува чешкиот тандем во Кил, доаѓа нов пивот

Кил не е екипа што често менува играчи. Тие имаат костур на тимот, имаат систем на игра и внимателно селектираат по повеќе основи кој може да се приклучи во друштвото и што може да донесе ново со себе. 
Денеска потврдија трансфер, доаѓа пивот си оди лев бек. 



Питер Оверби, два метра високиот пивот на Ерланген односно на репрезентацијата на Норвешка ќе биде ново име во екипата на Кил. Тој ќе им прави друштво на двајцата германски репрезентативци, Патрик Винцек и Хенрик Пекелер. И тој како и Германците игра во два правца, можеби малку подобро во напад отколку во одбрана во однос на споменатото дуо.

Од екипата на Кил заминува Павел Хорак. Чешкиот лев бек три сезони мина во Кил каде што за волја на вистината и не се изнаигра којзнае колку, но дефанзивец со такво искуство и напаѓач што не троши топки им се наоѓаше при рака. Особено со Филип Јиха, неговиот долгогодишен соиграч од репрезентацијата на Чешка на клупата. 
Павел Хорак има полни 39 години, но нема намера да престане да игра. Во првата изјава по објавувањето на веста дека нема да му биде продолжен договорот, изјави дека кога ќе дојде лето ќе мисли на тоа, но во моментов се чувствува спремн да игра уште. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk