Е. Пелистер вечерва оди на победа со Спортинг

Вечерва од 20:45, Еурофарм Пелистер на домашен терен го игра возвратниот натпревар од Европската лига со Спортинг. Првиот меч, минатата недела во Лисабон, заврши без победник.




Сезоната за двата македонски претставника во Европа, Е. Пелистер и Вардар, отиде во правец во кој многу важни натпревари за двата тима на евро-сцената станаа предигра за меѓусебното дерби кое можеби, веројатно ќе одигра клучна улога за шампионската титула. 

Тој момент ќе го видиме по десетина дена, а сега се на ред дуелите со Европската лига со Спортинг, вечерва во Битола, односно со ППД Загреб кога е Вардар во прашање, утре во хрватската престолнина.

Не можеме да го избегнеме чувството дека Е. Пелистер минатата недела се задоволи со нерешен резултат, па во последниот напад повќе мислеше на својот, отколку на противничкиот гол. Од една страна, би рекле штета, можеше да биде тоа и победа, а од друга страна е познатата „Подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка“. 

„Моите играчите во Лисабон дадоа сè од себе, одиграа фантастичен натпревар. Иако го имавме последниот напад и можевме да победиме, и тие имаа офанзивен фаул во нивниот претходен обид. Во секој случај, играчите покажаа страшен карактер и фантастично го презентираа клубот, државата и себе си. Сите знаеме дека е тешко да се освојуваат бодови на гостински терен и знаеме колку е добар Спортинг. 
Што се однесува до вториот натпревар, нè очекува голема борба. Јас дури би рекол една ментална битка, мора да бидеме целосно фокусирани, а исто толку мора да бидеме ментално цврсти и спремни да го чекаме нашиот момент“, изјави тренерот на битолскиот состав Жељко Бабиќ. 

Е. Пелистер, Битола и македонската ракометна јавност, денеска со право може да очекува победа. Ако ги погледнеме резултатите на Португалците, освен гостувањето во Татабања кој тогаш комплетно расштиманиот тим, немаат со што да се пофалат. Едвај дома победија со по еден гол разлика со Кадтен и АЕК, а на гости лесно загубија со шест гола разлика од Ним. 
Спортинг е тим во создавање. Тие летово направија големо подмладување на составот, па така често на терен ги гледаме двата сина на тренерот Рикардо Кошта (Мартим и Франциско) кои имаат 19 односно 16 години. Капитен им е исто така 19 годишен ракометар, Салвадор Салвадор, соиграч на Мартим Кошта од кадетското Светско првенство што во 2019 се играше во Скопје. 

Во рамките на групата „Д“
 
1.
5311134:1227
 
2.
5311151:1417
 
4.
5203144:1434
 
6.
5104122:1512
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk