Кузмановски го поведе Хановер кон опстанок

Бундеслигашот Хановер, денеска ја забележа најважната победа досега во првенството, над директниот ривал за опстанок, Лубеке. 



Хановер губеше два гола разлика на полувреме од директниот ривал Лубеке (11-13), на крајот беше 22-21. Имаше драма, Хановер не го реализраше последниот напад на нешто повеќе од 30 секунди до крајот, но за среќа резултатот остана непроменет.
Филип Кузмановски натпреварот го заврши со четири постигнати гола од пет обиди. Беше втор стрелец во тимот зад Јохан Хансен кој имаше 7/9. Кузмановски имаше и три асистенции , играше и одбрана каде заработи и едно исклучување и севкупно тоа го става и во прв ред, можеби и како најдобар играч на Хановер на овој меч. 
Сега Хановер има два бода предност пред Лубеке и Балинген кои се во зоната за испаѓање и шест пред Минден, екипа што веќе ја гледаме во понизок ранг. 

Филип Миркуловски влезе во игра за Вецлар, по повредата која го оддалечи околу две недели од теренот. Имаше еден шут, но не се запиша во листата на стрелци во убавата победа од 31-28 над Гарсија Парондо, Глеб Калараш кои се обидуваат да го оживеат скапиот, но нефуккционален проект - Мелзунген. 
Вецлар победи 31-28 и сега е на шестото место, веднш зад Флензбург и Гепинген на табелата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk