Барса без Мем, Берлин во големи проблеми

Барса би можела да се најде во сериозни проблеми затоа што Дика Мем поради болки во коленото пропушти еден меч и е (многу) несигурен за настап против ПСЖ во следното коло од Лигата на шампионите. 



Победничката серија на Барса во Шпанија би можела да биде прекината и тоа на зелена маса. Барса се соочува со службен пораз поради настапот на катарскиот пивот Јусеф Бенали. Се проверува дали тој бил правилно регистриран и имал право за настап на дуелот со Торелеваха во претходното коло.  

Дерби мечот меѓу РНЛ и Фуксе Берлин во гермаската Бундес лига е откажан затоа што четири ракометари на Берлин биле позитивни на Ковид 19. Целиот тим на Берлин е вакциниран, но се уште им се заканува на сите комплетен карантин. 

Кристијан Пилиповиќ, австрискиот голман што реши да брани за својата оригинална татковина Хрватска, ќе биде нов голман на Висла Плоцк. Полскиот вице-првак бараше замена за Адам Моравски кој на лето оди во Германија и ја најде во Кадетен Шафхаузен каде што Пилиповиќ брани од 2018 година. 

Фуксе Берлин не само што има четири позитивни играчи има и четири повредени. Последен на списокот е Маријан Михалчи, а пред него се повредија Пол Друкс, Фабијан Виде и Виран Морос. Ниту еден од нив нема да се врати до крајот на годинава. 

Од СП Шпанија издвојуваме: Данска се жали на студот во салата во Гранољерс, Норвешка се жали што микс зоните се претесни и не е можно да се почитуваат протоколите, а Шведска се жали што музиката што ја пуштаат за времето на тајм аут е прегласна и не се слушаат меѓусебе. 
Тривијалност, но добредојдена за шведски новинар.
- Добро, беше ли барем добра музика?


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk