Добри вести од Германија за селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров и македонските фанови кои редовно во јануари ја бодрат македонската репрезентација на големо натпреварување.
Филип Миркуловски ја санираше повредата и се врати на терен.
Филип Миркуловски веќе одработи 2-3 тренинга со Вецлар и денеска на дуелот со Мелзунген (16:00ч), ја менува „цивилката“ со дрес и ќе биде спремен да истрча на терен. Миркуловски пред нецел месец го превитка зглобот и прогнизте беа дека ќе паузира речиси до 15-20 декември. Се враќа целосно рехабилитиран две недели порано и ќе има уште повеќе време да ја подгне формата.
Ова е одлична вест за македонската репрезентација која на 13 јануари во рамките на ЕП ќе се соочи со Данска во Дебрецен.
Миркуловски заедно со Лазаров го играат своето последно големо натпреварување и од нив очекуваме уште еден, последен пат да ја поведат репрезентацијата кон вториот круг, остварување за кое ќе бидат потребни нивни партии како од најдобрите денови.