Шест кандидати за влез во Супер лига

Одиграни се 11 кола во Првата лига, шампионат поделен во две групи, по што се издвоија кандидатите за пласман во Супер лигата. 



Плеј оф кандидатите за Прва лига веќе се добро издвоени од другите клубови, но и меѓу нив шест осткокнуват. Кои се шесте екипи, најсериозни кандидати за пласман во Супер лига следната сезона?
Да потсетиме, екипите што ќе се пласираат во Плеј оф ги пренесуваат бодовите од меѓусебните дуели одиграни во оваа фаза од првенството. 

ГРУПА А
Вардар Неготино досега има само еден пораз, од екипата на Младост како гостин. 
Младост 1977 Богданци исто така има само еден пораз, од екипата на Драчево.
Драчево досега има два пораза, од екипата на Вардар Неготино и нивниот најголем „кикс“ поразот од Јехона на гости. 
Овие три екипи ќе играат уште по еден меѓусебен меч, но со обратно домаќинство.

ГРУПА Б
РК Алкалоид досега победи на сите натпревари, а има само еден нерешен меч, со Голден Арт на домашен терен. 
Голден Арт досега има еден нерешен резултат, со Алкалоид како гостин и еден пораз, од Јуниор Кисела Вода како гостин. 
Јуниор Кисела Вода има два пораза. На домашен терен од Алкалоид и како гостин од Голден Арт. 
До крајот на овој дел од шампионатот, Алкалоид треба да игра на гости со Голден Арт и на домашен терен со Јуниор Кисела Вода. 

Потоа десет екипи, по пет од секоја група ќе вкрстат и ќе одиграат уште десет кола пред да се испрати шампионот во Супер лига, а вице-првакот во бараж со претпоследниот од Супер лигата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk