Победија и Пролет и Бутел и Вардар

РАДОВИШ - ВАРДАР  20-37 (11-14)
ОХРИД - СТРУГА  29-18 (14-7)
БУТЕЛ СКОПЈЕ - Е. ПЕЛИСТЕР 2   29-21 (12-11)
Т. ПРОЛЕТ - СКОПЈЕ   34-26 (15-13)



Денешните натпревари во Супер лигата минаа без изненадувања.
Охрид лесно излезе на крај со езерскиот ривал Струга, а Бутел Скопје во вториот дел го скрши отпорот на Е: Пелистер 2.
Вардар очекувано славеше во Радовиш, иако одново не импресионираше со играта во првиот дел. 

Анте Гаџа е врати во составот на Вардар со седум гола на гостински терен во Радовиш. Вардар го контролираше резултатот, но имаше само три гола разлика во првиот дел во кој Талески и Дибиров го водеа тимот кон безбедна дистанца. Во второто полувреме беше сосема поинаква приказна и поведоа со десет гола разлика уште во раната фаза од вториот дел (24-14), а потоа рутински го одработеа мечот до крајот.

Иван Џонов го разбуди заспаниот Т. Пролет со девет постигнати голови во мрежата на единствениот тим што досега нема освоено бод во Супер лигата - Скопје 2020. Киселовски и Мишевски одлично парираа, постигнаа заедно 16 гола, но освен што во првиот дел беше рамноправно, Скопје понатаму не може да се пофали со нешто особено. 

Бутел Скопје го скрши отпорот на Е. Пелисте 2 кон средината на второо полувреме. До тој момент или до резултат 17-16, гостите беа сосема рамноправни. 
Но, потоа следеше серија од 7-1 по која за битолската „двојка“ веќе немаше назад. 


Охрид тргна супериорно во езерското дерби со Струга, поведе со 7-1 и уште тогаш повеќе психички го реши победникот. Струга потроши многу сила за да стигне до 8-9, 11-12...17-19, по што следеше уште една серија од 5-0 и крај на надежите за пресврт на гостите. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk