СП Шпанија: Разлики како да се игра кошарка

Како ќе изгледа СП можеше да се насети според тоа што се играше во квалификациите за мундијалот. Сега на дело ја гледаме разликата меѓу европските држави и тие што на мундијалот доаѓаат од другите страни на светот. 



Русија - Камерун 40-18, Норвешка - Иран 39-11, Романија - Казахстан 46-18, Холандија - Порторико 55-15, Шведска - Узбекистан 45-15, Јапонија - Парагвај 40-17, Данска - Тунис 34-16, Ј. Кореја - Конго  37-23 ... 

Овие резултати се реалноста во светскиот ракомет и разликата во квалитет во Европа и државите што од другите страни на светот доаѓаат на мундијалската смотра. Уште и ќе додадеме дека на СП не се најсилните состави на европските екипи, туку релативно подмладени репрезентации.
Интересен податок е и што Казахстан или Иран уште и ќе се пласира во главната рунда. Истото важи за Узбекистан или Порторико, Конго или Тунис... 
Проширувањето од 24 на 32 репрезентации во женскиот ракомет донесе малку егзотика и малку ориентален шарм, но квалитет - не. 
Алармантно за ИХФ треба да биде што селециите од Африка што колку толку знаеја и да изненадат, сега сите во првото коло загубија со двоцифрени разлики. 

Европското разочарување е Црна Гора која загуби со 10 гола разлика од Словенија. Ова инаку беше и прва средба на терен на поранешниот селектор на Црна Гора, Драган Аџиќ сега на кормилото на Словенија и неговиот насленик Бојана Поповиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk