Дисциплинската комисија на РФМ имаше работа по 12 коло. Случај имаше во Кавадарци, каде што се сретнаа екипите на Тиквеш и Охрид. Средбата е регистрирана со резултат 25-23 (13-10) за Тиквеш, но имаше и продолжение во Кавадарци по што се донесени следниве одлуки:
ГРК Тиквеш е казнет со парична казна од 60.000 денари и забрана за присуство на публика на следните два домашни натпревари.
Тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ е суспендиран еден натпревар.
Ракометарот на Охрид, Михајло Младеновиќ е суспендиран два натпревари.
Против оваа одлука, засегнатите можат да поднесат жалба во рок од осум дена до второстепената комисија.