Едно од најголемите изненадување во Лигата на шампионите сезонава беше поразот на Веспрем во Букурешт. Вечерва во Веспрем се наплаќаа старите долгови.
Динамо Букурешт плати дебела сметка вечерва во Веспрем. Откако сензационално победија против Унгарците во шестото коло на домашен терен (31-29), две кола подоцна, денеска, дојде ред да се игра во Унгарија.
Веспрем без Манасков и Ненадиќ, Динамо без Банур. Тоа беа отсуствата, а на теренот видовме комплетна доминација на Веспрем кој на крајот постигна 47 гола, победувајќи со 15 гола разлика и со тоа му го нанесе највисокиот пораз на Чави Пасквал од неговиот кам-бек во Романија.
Конечниот резултат е 47-32 (22-15). Најдобри стрелци се Омар Јахија со осум гола и Хорхе Македа со пет. Во составот на Динамо, Хавиер Хумер со седум гола беше најефикасн, а екс вардарците Калифа Гедбан имаше четири одбрани, Дизингер 0/1, а Гурбиндо 1/2.