Два дена откако беше детектиран вирусот кај селекторот на Австрија, нови случаи во австрискиот тим. Четири ракометарки на Австрија денеска беа позитивни на Ковид 19 и со само 12 играчи истрчаа на терен против Кина и немаа проблеми за да победат и тоа со 11 гола разлика.
Но, ИХФ стравува дека и други австриски ракометарки би можеле да бидат позитивни.
Кралиците на шокот, останаа без својата магија на стартот на СП. Бразил без поголеми тешкотии за совлада Хрватска 30-25 (18-12). Во текот на мечот Бразил на моменти имаше и по девет гола разлика, а во Хрватскиот тим освен Мицијевиќ и Блажевиќ немаше расположени играчи. Дали е готова хрватската еуфорија откако не им беа исплатени ветените 150.000 евра за претходното првенство или ќе успеат да се кренат ќе покажат следните денови.
Германија си играше со Чешка, а Јужна Кореја со Конго. Германките со пола сила ја совладаа Чешка со 10 гола разлика, а Кореја со 14 гола славеше над Конго.
Резултати од прво коло:
Австрија - Кина 38-27 (22-13)
Бразил - Хрватска 30-25 (18-12)
Германија - Чешка 31-21 (17-10)
Ј. Кореја - Конго 37-23 (22-11)