Мешков и Монпеље ја кројат судбината на Вардар

Денеска во Лигата на шампионите се играат четири натпревари, три се од групата во која игра Вардар.



Лигата на шампионите влегува во фазата во која секој меч може да пресуди за изгледот на табелата, пласманот во елиминациите и противникот што таму ќе демне.
Денеска во Лигата на шампионите се играат четири натпревари, од кои три се директно поврзани и со Вардар. 

18:45  Алборг - Сегед
Овој натпревар има најмалку допирни точки со Вардар со оглед на тоа дека македонскиот тим ги одигра четирите предвидени натпревари со овие две екипи. Алборг има 10, Вардар пет освоени бода, што на шест кола до крајот теоретски и не е недостижна разлика. 

18:45  Елверум - Мешков Брест
Ако на овој меч победат Белорусите, тогаш Вардар има реални шанси групата да ја заврши пред Елверум и да биде на петтото место на крајот. Значи дека според моменталниот изглед на табелата во групата Б, би вкрстил со Барса. Во „подобар“ случај со ПСЖ. 

18:45  Монпеље - ППД Загреб
Земајќи предвид дека Вардар загуби на последните пет меча, а шестиот е на гости со Кил, не наодмет место напред да се гледа и што се случува позади на табелата. 
ППД Загреб стигна на бод до Вардар и наскоро ќе треба да се играат двете средби со Вардар. Хрватите денеска гостуваат кај лидерот Монпеље кој во ЛШ игра добро, но во Франција - не. Би било добро за Вардар да остане така, затоа што евентуален триумф, па и бод на ППД Загреб во Франција ќе значи дека Вардар ќе ја загуби предноста во одност на Загреб пред мешусебните дуели. 

Денеска од 20:45 ќе играат и Мотор - Флензбург, меч од групата „Б“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk