Топ вести: Нов договор за Карачиќ, рекорд во Флензбург

Данецот Ласе Свон Хансен својата последна сезона како активен играч ќе ја одбележи со рекорд за кој ќе треба да мине многу време за некој да го надмине.
Ласе Свон го одигра својот 626 меч во дресот на Флензбург каде што е од 2007 година и се израмни по бројот на настапи за овој бундеслигаш со својот сонардоник, легендата Ларс Кристијансен. Денеска на мечот со Вецлар, Ласе Свон ќе стане нов рекордер по број на настапи за Флензбург.



Во шампионатот на Данска, Алборг одигра само нерешено со ГОГ на домашен терен (30-30), откако во текот на мечот, поточно во 45 минута имаше и шест гола предност. Но, во финишот, Алборг се спасуваше затоа што во последната минута беше 30-29 за ГОГ.
Развојот во Данска мора да се следи внимателно, затоа што реална е опцијата Данците да им земат на државите што чекаат валјд карта уште едно место во ЛШ. Имено, ако ГОГ стане шампион, а во моментов така стојат работите, тогаш Алборг ќе бара валјд карта, а ЕХФ сигурно нема да ги одбие со оглед на тоа дека следната сезона тие стануваа дрим тим, предводени од Микел Хансен. 

Бертус Сервас, претседателот на Келце има голема желба да стане инфлуенсер на Твитер. Тој веќе извесно време првите вести за трансфери на играчи ги објавува на својот профил, а потоа медиумите и официјалната страна на клубот преземаат. 
„Мојот сон е да имам најмалку 20.000 следачи. Ќе ми бидат потребни 5 или 6 години за тоа, но нема да се откажам“, изјави Сервас. 

 Сервас во моментов има само околу 2.300 следачи. 

Последните неофицијални информации велат дека Игор Карачиќ (ќе) го продложи договорот со полскиот шампион Келце. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk