Eвропа се затвора, може ли тоа да влијае на СП 2021?

Омикрон, новата варијанта на Ковид 19 ја вознемири Европа и деновиве многу држави преземаат мерки за заштите на оваа варијанта од вирусот која доаѓа од Јужна Африка. 
Некои земји воведоа забрани за влез од одредени африкански држави. Дали ова ќе се одрази на СП Шпанија 2021?



Откако случаи на позитивни заразени со новата варијанта на Ковид 19 се регистрирани во Британија, Германија, Италија, Чешка... европските држави забрзано подготвуваат мерки за спречување вирусот да дојде кај нив. 
Малку задоцнето, тој веќе е стигнат, но искуството собрано во текот на Ковид пандемијата носи мерки за успорување, додека (ако биде потребно) не биде адаптиран лек и за него. 

Израел ќе ги забрни сите летови, Британија од утре ќе абрани влез од неколку африкански држави вклучително и од  учесникот на СП Шпанија, Ангола. Слични мерки преземаат и други држави. Во Британија се враќа на сила и задолжителното носење на маски во јавни установи, шопинг центри ... 

Шпанија, домаќинот на Светското првенство засега има забрането влез на граѓани од две африкански држави. Тоа се Јужна Африка и Боцвана. Истовремено забранува влез за невакцинирани. Досега, во Шпанија можеше да се влезе со негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид, но од 1 декември единствено со доказ за вакцинација ќе може да се влезе во Шпанија. Ова во моментов се однесува за Британците, но следејќи како се движат настаните до стартот на мундијлоат можеме да очекуваме нови рестрикции. 

Како ова ќе се одрази на СП што треба да почне следната недела? Организаторите и ИХФ засега немаат што да кажат, ќе чекаме да видиме што ќе донесат мерките и што ќе се случува следните денови. Но, линијата на африканските земји што Европа и САД ги блокираат се движи на север и веќе доаѓа до границите на земјите што се учесници на СП. За волја на вистината во најголем дел африканските држави веќе се во Европа, но има премногу екипи и многу простор нешто да тргне во поинаков правец.

Македонската репрезентација е првата резерва на СП и секое откажување или евентуал забрана на некоја од репрезентациите значи и дека треба да го заземеме нивното место. Имајќи предвид со каков страв и внимателност се следи Омикрон, не веруваме дека ако има позитивен случај во некоја од репрезентациите дека ќе им биде дозволено да дојдат во Шпанија. 
Иато како и лани пред Египет, ќе чекаме со тробите во ходникот. Од друг агол, и во нашиот табор има невакцинирани играчи, па ако дојде до момент да треба да играме тешко е да го предвидиме составот, но тоа се малку поинакви маки од ова што во моментов се случува низ светот.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk