Македонија поразена на првата контрола

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 33:25 (20:10)
СРБИЈА: М. Агбаба, Ј. Агбаба 3, Бојичиќ, Вукајловиќ, Ковачевиќ 6, Митровиќ, Јововиќ 3, Богуновиќ, Обрадовиќ 1, Граовац, Ѓурашиновиќ, Стамениќ 2, Стоиљковиќ 2, Јововиќ, Ловриќ, Петровиќ 1, Јањушевиќ 5, Рисовиќ, Коциќ 2, Којиќ 4, Радојевиќ
МАКЕДОНИЈА: Серафимова, Мицевска, Јовановска, Миновска, Ристовска 3, Дукоска, Ризоска 1, Дабевска 1, Јанкуловска, Коцева, Стојковска 4, Младеновска, Јанеска 9, Гичевска 3, Кипријановска 2, Коловска, Џатевска 2, Коцева, Седлоска 


Женската селекција на Македонија е поразена од учесникот на СП, Србија на првиот контролен меч одигран во Стар Пазова.
Домашната екипа, комплетна пред патот за Шпанија и очигледно во подобра форма од избраничките на Љубомир Савевски подобро отворија и направија висока предност уште во првиот дел. 
Во продолжението Македонија играше подобро отколку во првиот дел, успеа да анулира дел од разликата, но во финишот српскиот тим одново беше во подобар ритам и на крајот победи со 33-25. 

Во понеделник, овие две селекции ќе одиграат уште еден меч. 

На средбата со Србија беше и раководството на РФМ кое со раководството на РСС договараат поблиска соработка меѓу репрезентациите, младите категории и тренерскиот кадар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk