Победија Е. Пелистер, Бутел и Струга

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - Е. ПЕЛИСТЕР  20-38 (9-18)
ПРИЛЕП - БУТЕЛ СКОПЈЕ  23-26 (10-13)
СТРУГА - РАДОВИШ   24-20 (16-10)
Т. ПРОЛЕТ - МЕТАЛУРГ 29-31 (13-16)
ТИКВЕШ - ОХРИД   25-23 (



Во Битола велат дека на Е. Пелистер 2 може да игра против секој и да биде добар, освен против Е. Пелистер. И тоа денеска се покажа на дело. 
Првиот состав му нанесе висок пораз на хитот на сезоната. Цели 18 гола разлика, по девет во секое полувреме е прилично убедлив доказ дека на вториот тим, воопшто не му оди против првиот. 
Ненад Костески се изнадава голови и со 10-ка го заокружи настапот на овој дуел како најдобар стрелец. 

Многу повозбудливо беше во Прилеп, каде што домашниот состав го пречека тимот на Бутел Скопје. Триото Чантурија, Милошевски, Мирјани со по пет гола во мрежата на скопскиот тим цело второ полувреме се обидуваа да ја достигнат негативата во која влегоа во финишот на првиот дел. 
Но, Мајиќ (7) и Јефтиќ (6), Мојсоски (5) и Тот (4) одржуваа плус три и плус четири постојано, без осцилации и на крајот му донесоа на својот тим три бода. Конечно, 23-26. 

Струга, пак, го остави Радовиш на „таа една победа во првенството. Вечерва, стружани како домаќини уште во првиот дел стигнаа до 10-5, 16-10...Во вториот дел, Радовиш немаше сили да парира, па мечот отиде во рутинска завршница и конечно 24-20 за три бода за струшкиот состав. 
Кастратовиќ со шест гола за домашните и Постолов со пет за гостите беа најефикасните ракометари на натпреварот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk