Јуниор КВ слави, прв пораз на Голден Арт

Во дербито на колото во Првата лига, вечерва во Скопје се сретмнаа екипите на Јуниор Кисела Вода и Голден Арт. Победи Јуниор Кисела Вода, 30-25 (15-14).



Јуниор Кисела Вода му го нанесе првиот пораз на тимот на Голден Арт и ги подобри своите шанси за место во конкуренцијата за пласман во повисокиот ранг. Тимот од Кисела Вода славеше 30-25, а тоа е и подобар резултат во меѓусебниот скор, ако на крајот на првенството дојде до таква разврска. 

Гостите подобро го отворија натпреварот и поведоа со 4-1, 8-4, 10-5, но следеше серија од 4-0 на домашните со која се доближија на 9-10 и оттогаш се играше сосема поинаков натпревар. 
На полувреме Голден Арт ја загуби предноста и беше еден гол минус (14-15), а на почетокот на вториот дел Јуниор го контролираше резултатот со тоа што гостите во еден момент поведоа 20-19. 
Следеше нова серија, 3-0 за водство од 22-20, а потоа додадоа уште два гола предност и имаа релативно мирна резултатска завршница. 
Шансите на гостите ги избриша голманот Петар Виларов, а нервозата им донесе исклучување на клупата и Јуниор стигна до убедлива победа од 30-25. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk