Вујо: Го делам разочарувањето со навивачите

По натпреварот актерите на прес конференција ги кажаа своите импресии.



ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ
Разочаран сум не толку од резултатот туку од начинот на кој загубивме. Лошо отворивме, тие заедно со голманот Миклер го искористија тоа, направија голема разлика. Потоа само одржуваа, а ние што и да направме не успевавме да го поправиме лошиот старт. Сегед е подобар во моментов, Пастор е таму девет години, јас сум овде пет месеци.. Јас реков уште одамна по добриот почеток дека доаѓаат тешки времиња. Го делам разочарувањето со навивачите. Нашата цел е втора рунда, мислам дека ќе оствариме. Имаме добар распоред, не е завршено ова. 
Знаевме дека најопасна е нивната комбинација Бомбач - Банхиди. Но, немаме такви играчи со кои можеме да симулираме одбрана против нив. Не можевме да ги запреме, тоа се врвни играчи. Се обидовме со повеќе типови на одбрана, но не одеше. 
Жал ми е што вака загубивме. 
Ако некој мисли дека има друг тренер што може да направи подобар резултат, јас немам ништо против да заминам. Јас овде дојдов да го спасам Вардар, не дојдов кога имаше големи пари. Јас сум борец и сакам да бидам победник. Ќе останам се додека некој верува во мене. Но, треба да бидеме свесни дека другите екипи се во моменти подобри од нас. Почетните резултати не залажа, но знаевме дека ќе дојдат тешки времиња.




ФИЛИП ТАЛЕСКИ
По таков лош старт и негатива од 1-8 едноставно не може да се игра притив тим каков што е ПИК Сегед. Тоа беше кобен период, бркавме 50 минути,  но тешко е да стигне против екипа која е подготвена и спремна.
И благодарам на публиката која ни даваше поддршка кога ни беше најтешко. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk