Вардар запиша петта нула во ЛШ по ред

ВАРДАР - ПИК СЕГЕД   27-30 (9-16)
Вардар: Томовски, Гогов, Дибиров 5, Гаџа 5, Талески 4, О.Њокас 3, К. Њокас 2, Георгиевски 2, Тото 2, Стоилов 1, Диало 1, Чувара 1, Кудуз, Валчак, Савревски, Ѓукиќ



Вардар е поразен на домашен терен вечерва од ПИК Сегед и запиша петти пораз по ред. Конечниот резултат е одраз е можеби и „благ“ ако земеме предвид дека Унгарците ја контролираа средбата уште од втората минута и играа колку што им беше доволно за да бидат на безбедна дистанца и да не го разиграат Вардар. 

Вардар имаше многу слабо отворање на натпреварот и за цели 16 минути постигна само еден гол! Нападот беше благо кажано очаен, ПИК Сегед без многу мака контролираше се на теренот и поведе со големи 9-2. 
Потоа следеше кратко будење, Вардар постигна три гола по ред, намали на минус четири (5-9), но не продолжи во ист ритам.
На полувреме ПИК Сегед водеше 16-9, а во вториот дел Вардар покажа повеќе отколку во првиот дел. Прашање е дали Вардар беше подобар или гостите се задоволија со тоа што ја контролираа играта и не форсираа за повисок резултат. 



Филип Талески беше освежување и го раздвижи Вардар кој во еден момент беше на само три гола заостанување. Тоа е резултат што го ставаше Вардар во игра, но реалноста на теренот беше поинаква. Хуан Пастор побара тајм аут и потоа работите одново се редеа така како што сакаа гостите. 



Вардар немаше решение за играта Бомбач - Бодо, а повремено Гарсијандија или Шоштариќ ќе погодеа кога им требаше.
Кај Вардар, Гаџа имаше солидна партија, Дибиров и Стоилов стандардно правеа проблеми, Талески покажа повеќе отколку што очекувавме. 
Во финишот се разиграа и Њокаси, но тоа е предцона, кога Сегед ја градеше разликата, комплетниот тим на Вардар беше слаб. 

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk