Не му оди на Вардар, минус седум на полувреме

Вардар имаше големи проблеми во првото полувреме на дуелот со ПИК Сегед во Скопје. Македонскиот првак по 0 минути има минус од седум гола. 



Вардар имаше многу слабо отворање на натпреварот и за цели 16 минути постигна само еден гол! Нападот беше благо кажано очаен, ПИК Сегед без многу мака контролираше се на теренот и поведе со големи 9-2. 
Потоа следеше кратко будење, Вардар постигна три гола по ред, намали на минус четири (5-9), но не продолжи во ист ритам.
На полувреме ПИК Сегед води 16-9 и на Вардар ќе му треба сосема поинаков пристап и сосема поинаква игра за во продолжението да има шанса да направи нешто со што ќе ја задоволи публиката. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk