Флензбург ги олади Пасквал и Динамо

Флензбург го совлада Динамо Букурешт и како гостин. Вечерва во Романија, Германците славеа 28-20, иако беа без тренерот, неговиот помошник и уште седум ракометари.



Динамо Букурешт ги совлада на домашен терен Келце и Веспрем, но против Флензбург и нивниот стил на игра, немаше шанси. 
Германците во Романија допатуваа без седум играчи и тоа воглавно стартери (Ване, Готфридсон, Халд.), но нивните замени, во случајот бековската линија во која играа Менса Ларсен, Арон Менсинг и исландскиот бек Ејнарсон, крлата Јакобсен и  Свон Хансен и особено одбраната и голманот Бенјамин Буриќ комплетно го надиграа тимот на Чави Пасквал и ги оладија во трката за пласман на место што води кон елиминациите. 

Веспрем, пак, откако „„киксна на гостувањето во Запорожје, вечерва со камата му наплати на тимот на Мотор. Унгарците победија 36-29 и избија на второто место, ја минаа Барса, но поразот од Запорожје и тој од Букурешт може да ги врати назад на конечната табела и можеби да го донесе одново во Скопје на дуел со Вардар. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk