Вардар и вечерва без Куни Моралес

Жереми Тото се врати по повредата и ќе настапи на дуелот со ПИК Сегед. Куни Моралес - не. 


Вардар ќе биде посилен за Жереми Тото на вечерашниот меч со ПИК Сегед во однос на средбата што ја одигра минатата недела во Унгарија. Повреден е и голманот Сафар, а денеска во тимот нема да бидат и пикерот Атанасовски и бекот Карапалески. 
Васил Гогов и Давид Савревски покрај Жереми Тото се новите имиња во тимот во однос на претходната средба. 

ПИК Сегед со истиот тим од минатата недела дојден е и во Скопје. Натпреварот ќе се игра вечерва пд 20:45 часот, а Вардар за да има мирен зимски сон денеска добро би му дошле два бода. 
Позицијата на табелата вели дека Вардар може да се трка со Елверум за петтото место, но исто така од вчера опасен стана и ППД Загреб кој во пресрет на двата меча со Вардар сега има само бод помалку од црвено-црните. 

Стравувањата кажани на прес конференцијата дека неизвесни се повеќе играчи меѓу кои и Дибиров, се неосновани и речиси сите расположливи сите се на располагање на тренерот Веселин Вујовиќ. 

foto> rkvardar.mk/Denis Dukovski

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk